Голот на Дејан Манасков во ТОП 5 на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра голот на Дејан Манасков од Еурофарм Пелистер во ТОП 5 гола на колото во Лигата на шампионите.

Дејан Манасков од тежок агол и со цепелин успеа да постигне гол, откако Никола Митревски му ја додаде топката од својот гол.

“Ова не е само гол за прво место на неделата на ЕХФ Лигата на шампиони, ова е антологиски гол, гол за историја на две личности за кој годините се само бројка, кој го оставиле срцето на терен не само за нашиот тим туку и за нашата репрезентација. Ова се личности со толку големо познавање на ракометот кој можат и да си дозволат да изведат ваков спектакл не против било кој туку против големата Барса и не против било кој голман туку против најдобриот на светот”, – напишаа од Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи.

(фото/видео – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *