Екипата на Охрид за продолжението од сезоната 2025/2026 во Супер лигата се засили со голманот Кристијан Пилиповиќ.
30 годишниот хрватски репрезентативен голман потпиша со ГРК Охрид миниум до крајот на оваа сезона. Пилиповиќ (192 цм) доаѓа по осум сезони поминати во Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), а играл и за моќната Висла Плоцк (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија).
Има одиграно официјални натпревари и за сениорската екипа на Австрија, а од 2022 е дел од Хрватската репрезентација.
“Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам со амбициозни и фанатични луѓе и тоа го препознав во Охрид. Луѓето овде се навистина луди за ракомет, сакаат нешто да направат, нешто да створат, навистина е една многу убава приказна. Бев воодушевен од градот и пристапот на клубот и добрите разговори со спортскиот директор и тренерот, така да одлуката ја направив лесно и верувам во добри резултати и добра иднина”, – изјави Кристијан Пилиповиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷











