На 29 октомври “Легендите на сцена” во СЦ “Јане Сандански”

На 29 октомври во Скопје во салата СЦ “Јане Сандански” ќе се одржи ревијален натпревар под името “Легендите на сцена”, по повод прославата на 20 години од постоењето на Спортско радио 90,3.

На овој натпревар се очекува да присуствуваат македонски легенди и европски легенди од светот.

Од Македонија ќе бидат: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Пепи Манасков, Раде Стојановиќ, Иван Марковски, Наумче Мојсовски, Аце Станковски, Ванчо Димовски, Бранко Ангеловски, Петар Ангелов, Владо Недановски и многу други…

Организаторот покани и странски легенди на ракометот а тоа се: Арпад Штербик, Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Жоан Кањелас, Лука Циндриќ, Данил Шишкарев и многу други…

Како тренери ќе бидат Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Ристо Магдинчев и Звонко Шундовски, додека судии ќе бидат Марјан Начевски, Драган Начевски, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Силвана Карбеска, Марија Илиева.

Ревијалниот натпревар ќе се одигра на 29 октомври во СЦ “Јане Сандански”, во Скопје со почеток од 19:00 часот.

(фото – Спортско радио 90,3)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *