Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Куманово во 9. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Стефан Петриќ, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа.
“Наш следен противник е Куманово и свесни сме дека ниеден меч не е лесен. Против Прилеп покажавме одличен пристап и енергија на теренот, со ист таков пристап мора да настапиме и дома. Ако го дадеме својот максимум и останеме фокусирани од почеток до крај, верувам дека победата ќе остане во наши раце”, – изјави ракометарот на Охрид, Стефан Петриќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








