Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа висока и убедлива победа против екипата на Шампион со конечни 56-5 во Женската Прва лига.
Составот на Ѓорче Петров 2 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 27-2.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Мирјана Наумоска со десет гола, додека кај Шампион најефикасна беше Катја Маркоска со три гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








