Екипата на Охрид забележа висока победа против екипата на Куманово со конечни 37-17 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Охрид во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па на крај да го совлада Куманово.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Ѓукиќ и Лиапис со по седум гола, додека кај Куманово најефикасен беше Цековски со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








