Ракометарите на Тинекс Пролет викендов ги очекува нов предизвик, гостување против екипата на Струга.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тинекс Пролет, Никола Стоилевски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
„Важиме за фаворити на овој меч, но тоа нема да значи ништо доколку не одиграме онака како што знаеме од почеток до крај. Многу е важно да бидеме максимално борбени во текот на сите 60 минути, едно е сигурно, нема да ја потцениме Струга, свесни сме дека станува збор за „домашна екипа“ која игра особено добро во својата сала. Знаеме колку се значајни бодовите од ваквите гостувања во трката за висок пласман и ќе сториме се за да стигнеме до бодовите. Добро тренираме цела недела и верувам дека сме подготвени да го потврдиме тоа и на самиот натпревар. Борбена одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што треба да ни ја донесе победата на саботниот натпревар“, – изјави ракометарот на Тинекс Пролет, Никола Стоилевски.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








