Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против екипата на Радовиш со конечни 47-27 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 22-11.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Алем Хаџиќ со десет гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Здравко Постолов и Ристе Атанасов со по седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








