Ракометарките на Чаир запишаа победа на домашен терен против ракометарките на Куманово со конечни 26-17 во Женската Супер лига.
Тимот на Чаир победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 16-8.
Најефикасни во редовите на Чаир беа Марија Николовска, Хана Мифтари и Изабела Фереира со по пет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Маријана Азеведо исто така со пет гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








