Кадетската екипа на Деспина забележа победа против екипата на Стружанка со конечни 28-22 во натпревар од 3. коло од кадетската лига.
Составот на Деспина и на полувреме имаше водство од 15-11. Во второто полувреме иако тимот на Стружанка се обидуваше да се врати, сепак на крај Деспина славеше победа.
Најефикасни во редовите на Деспина беа Матеа Христоска и Анастасија Јованоска со по десет гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Еџе Сејадин со 12 гола.

(фото – ЖРК Деспина)📷








