Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ќе ги прогласи најдобрите ракометари, ракометарки, тренери, официјални лица, клубови за сезоната 2024/2025.
Настанот кога ќе бидат прогласени најдобрите ќе се одржи на 1 ноември со почеток од 20:00 часот.
“Заеднички ќе им оддадеме признание на нашите најдобри ракометари и ракометарки за сезоната 2024/2025. Во присуство на најистакнатите имиња од ракометната сцена, спортски работници, медиуми и гости од јавниот живот, ќе прославиме уште една успешна ракометна година. Настанот ќе биде збогатен со музичка програма, специјални изненадувања и атмосфера достојна за нашите ракометари и ракометарки”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.
(фото/видео – РФМ)📷








