Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа победа против ракометарките на Вардар со конечни 35-26 во Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар имаше водство, па на крај да слави против Вардар.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Армина Исиќ и Емилијана Ризоска со по седум гола, додека кај Вардар најефикасна беше Дона Тодоровска со девет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








