Екипата на Струга, во продолжението од сезоната ќе биде без ракометарот Филип Пајкоски кој мораше да се оперира поради повреда.
Ракометарот Филип Пајкоски поради повреда на рамото мораше да се оперира, каде операцијата помина успешно.
“Поради повреда на рамо, во текот на вчерашниот ден успешно беше опериран нашиот ракометар Филип Пајкоски. По што следи процес на рехабилитација. Филип ти посакуваме брзо опоравување и да се вратиш посилен. Голема благодарност до целиот тим кој беше задолжен за неговата операција посебно до Др. Огнен Шешоски и Др. Александар Стевоски”, – објавија од Рк Струга на социјалните мрежи.

(фото – Рк Струга)📷








