Започна кампањата на Еурофарм Пелистер “средба со легендите” – Кире Поповски (ФОТО)

“Средба со легендите” – Еурофарм Пелистер ја активираше својата кампања сите ракометари кои го носеле дресот на клубот најмалку на сто натпревари да добијат сезонски билет и да бидат со клубот на секој домашен натпревар.

Цела една кариера, цел еден живот го посвети на својот Пелистер, иако имаше понуди, преговори, предизвици. Сепак, единствената спортска љубов го остави во Битола цел живот и ќе биде чудно ако не го гледаме в сала како работи со најмладите и како дели совети поврзани со ракометот и животот. Кире Поповски е современ продукт на најракометната школа во регионот – битолската. Комбинација на лев и среден бек, организатор и лидер, шутер и стрелец. Имаше среќа да расте покрај врвни имиња на неговата позиција, но и стрпливост да ги дочека своите минути. А кога тие дојдоа Поповски максимално ги искористи и освои колекција трофеи како ретко кој во Македонија.

Кире Поповски беше и остана миленик на битолската публика, на „Чкембарите“, на сите кои сакаат добар ракомет. Блесна и во дресот на репрезентација и му недостигаше само уште меѓународен ангажман, а понуди имаше колку што сака. Но, неговата елита беше Пелистер. Затоа што може да се пофали дека играше со најдобрите, а ги направи и подобри оние крај себе. Со Манасков и Петрески, Лазаров и Николовски, Димитровски, Николиќ, Новокмет и многу, многу други Поповски формираше перфектна композиција. И денес луѓето знаат да кажат дека во тимот недостигна некој како Кире Поповски – и на теренот и во соблекувалната.

Тренерската кариера го одведе во сите возрасни категории на својот Пелистер. Беше тренер и на сениорскиот тим, но се пронајде како одличен педагог и кај младите категории и со години во тандем со Игор Николовски исфрлаат бисери на големата сцена. Нека биде така уште долги години.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷










Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *