Владимир Бојаниќ: Пролет е една искусна екипа

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Тинекс Пролет во рамки од 11. коло од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Владимир Бојаниќ, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Тинекс Пролет.

“Пролет е една искусна екипа која знаеше да не изненади во претходните години. Максимално сме фокусирани да одиграме најдобро што можеме и да ја продолжиме победничката низа”, – изјави ракометарот на Охрид, Владимир Бојаниќ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *