Ракометарките на Деспина забележаа висока победа против ракометарките на Шампион со убедливи 38-7 во Женската Прва лига.
Тимот на Деспина победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 19-4.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Анастасија Јованоска со 11 гола, додека кај Шампион најефикасна беше Катја Маркоска со три гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷








