Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 12. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе го судат натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Камер Металари и Славчо Каланоски.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Алкалоид ќе се одигра на 12 ноември во среда со почеток од 19:00 часот во СЦ “Билјанини Извори”, во Охрид.
(фото – Архива)📷








