Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Куманово со убедливи 40-25 во Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров уште во првото полувреме имаше високо водство, па на крај да го совлада Куманово.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Теодора Дукоска со девет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Нена Нестороска со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








