Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров забележаа победа против екипата на Преспа со високи 32-20 во натпревар од Првата лига.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров и на полувреме имаше водство од 14-9, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај ја совлада Преспа.
Најефикасен во редовите на Македонија Ѓорче Петров беше Владо Ристески со седум гола, додека кај Преспа најефикасен беше Христијан Антоновски со шест гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








