Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 14. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Славчо Каланоски.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 30 ноември (недела) со почеток од 19:30 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
(фото – Архива)📷








