Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Спартак со конечни 30-20 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Вардар во текот на целиот натпревар имаше водство за на крај да триумфира против Спартак.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со девет гола, додека кај Спартак најефикасна беше Зорица Андовска исто така со девет гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








