Ракометарките на Астибо забележаа победа на гостувањето кај ракометарките на Пелистер со резултат 30-27 во Женската Супер лига.
Иако тимот на Пелистер имаше водство, сепак тимот на Астибо со добра игра успеа да слави голема победа во Битола.
Најефикасна во редовите на Астибо беше Марија Анчева со 14 голови, додека кај Пелистер најефикасни беа Анастасија Тодоровска и Ана Стојчевска со по 7 голови.
(фото – ЖРК Астибо)📷








