Ласко Андоновски: Сакаме да му се реваншираме на Прилеп

Екипата на Тинекс Пролет ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Прилеп во натпревар од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тинекс Пролет, а воедно и капитен на тимот Ласко Андоновски.

„Секако дека сакаме да славиме, да освоиме нови бодови и да му се реваншираме на овој ривал за поразот од пред неколку месеци. Кога играме дома секогаш одиме на победа и исклучок нема да биде ниту утрешниот дуел. Тоа не значи дека ќе ни биде лесно, Прилеп се покажа како квалитетен тим, минатото коло убедливо го совлада Бутел што е јасно предупредување за нас, дека мораме да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 60 минути. Цврста одбрана и дисциплиниран напад, тоа е она што треба да не краси утре против Прилеп“, – изјави капитенот Ласко Андоновски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *