Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје одиграа нерешено со конечни 24-24 во натпревар од Супер лигата.
Иако на полувреме Еурофарм Пелистер 2 имаше водство од 11-10, сепак во второто полувреме двете екипи одиграа добро, па на крај си поделија по еден бод.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Мохамед Азиз со девет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Димитар Узунчев со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








