Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 17. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Камер Металари и Љупчо Јаневски.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 14 декември во недела со почеток од 18:00 часот во СЦ “Билјанини Извори”, во Охрид.
(фото – Архива)📷








