Екипата на Стружанка забележа победа против екипата на Ѓорче Петров 2 со конечни 30-28 во Женската Прва лига.
Иако тимот на Ѓорче Петров 2 имаше водство на полувреме со резултат 15-13, сепак во второто полувреме со добра игра триумфираше Стружанка.
Најефикасни во редовите на Стружанка беа Маја Раткушиноска и Еџе Сејадин со по седум гола, додека кај екипата на Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Кристина Наумовска со пет гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷








