Еурофарм Пелистер со ракометен спектакал за легендите

Шампионот Еурофарм Пелистер по повод 70 години ќе организира ревијален натпревар за ветерани во Битола.

“Заминува супер-успешната 2025 година за нашиот клуб. Но, имаме уште една мисија за исполнување. Во дванаесетте месеци во годината која изминува станавме шампионот на Македонија, трета година по ред, го освоивме Суперкупот и игравме во финалето на Купот на Македонија. Нашиот развоен клуб беше шампион во Првата лига, младинските категории водат главен збор во домашните шампионати, па дури стигнаа и до Келн. Се етаблиравме во стандарден член на Лигата на шампионите и цел континент разбра за најракометниот град и најдобрите навивачите. Ни останува уште достоинствено да ја испратиме годината во кој прославуваме јубилеј – 70 години постоење РК Пелистер”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

Свечена академија, музичка програма и спектакуларен ревијален натпревар на ветерани на 27 декември во сабота во “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *