Селекторот на машката кадетска репрезентација Горан Кузманоски објави список кај кадетите за собирот.
На списокот повикани се 18 ракометари. Кадетите на Македонија ќе одиграат пријателски натпревари со селекцијата на Црна Гора.
Собирот ќе се одржи на ден 02.01.2026 година (петок) со почеток во 17:30 часот во спортската сала “Јане Сандански” (мала сала), и ќе трае до 05.01.2026 година (понеделник).

(фото – РФМ)📷








