Екипата на Тиквеш организираше турнир за помлади пионери кој се одигра во Кавадарци во салата “Јасмин”.
На овој турнир учесници беа домаќинот Тиквеш (Кавадарци), Прилеп (Прилеп), Куманово (Куманово) и Радовиш (Радовиш).
Првото место го освои тимот на Тиквеш, второто место тимот на Прилеп, третото место тимот на Радовиш и четвртото место го освои тимот на Куманово.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен ракометарот Никола Биков од екипата на Тиквеш.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








