Јована Кипријановска потпиша за Рух Калиш

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска во продолжението од сезоната ќе има нов клуб.

Ракометарката Јована Кипријановска потпиша договор со екипата на Рух Калиш од Полска и ќе настапува за овој тим во пролетниот дел од сезоната.

„Многу сум среќна што сум дел од Рух Калиш. Од првиот ден чувствував огромна поддршка и позитивна енергија од клубот и тимот. Верувам дека имаме голем потенцијал и заедно можеме да победиме на многу натпревари. Калиш е место каде што сакам да продолжам да се развивам, да го искористам мојот потенцијал и да му помогнам на тимот да ги постигне своите спортски цели“, – вели Јована Кипријановска.

(фото – ЖРК Рух Калиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *