Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) потпиша ново партнерство со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како официјален партнер на македонскиот ракомет.
Оваа соработка претставува значаен чекор во насока на унапредување и поддршка на ракометот во Македонија, со посебен фокус на стабилноста, сигурноста и долгорочниот развој на спортот и спортистите.
Ракометна Федерација на Македонија преку ова партнерство добива силна и доверлива поддршка од компанија која ја препознава важноста на вложувањето во спортот, младите генерации и националните вредности.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како дел од реномирана осигурителна група, со своето искуство и визија придонесува кон создавање посигурна иднина – како во животот, така и во спортот.
(фото – РФМ)📷












