Екипата на Прилеп стартуваше со подготовки за вториот дел од сезоната во Супер лигата (ФОТО)

Екипата на Прилеп ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната 2025/2026 во Супер лигата.

Тимот на Прилеп подготовките ги стартуваше без тренерот Наум Танески, кој е со репрезентацијата на Македонија на ЕП 2026 година, а тренинзите ќе ги предводи асистент тренерот Методија Петлески.

Составот на Прилеп подготовките ќе ги одвива на домашен погон во салата “Ристе Ристески – Ричко”, каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари до почетокот на првенството во Супер лигата.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *