Бутел Скопје означи старт на подготовките (ФОТО)

Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.

Тренерот Горан Кузманоски ја имаше прозивката, на која беа присутни двете нови засилувања – левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и пивотот Матеј Марковски.

Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, додека Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.

Бутел Скопје во пролетниот дел од сезоната нема да смета на триото Филип Николов, Рио Козакаи и Давид Гришикашвили.

Целите подготовки ќе се одвиваат во Скопје, а до стартот на официјалните натпревари ќе бидат одиграни четири пријателски средби.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *