Пред стартот на нашата ракометна репрезентација на Европското првенство, најдобрата младинска школа и иднината на Еурофарм Пелистер и репрезентацијата се подготвува за повторно учество на ЕХФ Лигата на шампиони за млади.
Генерацијата од 2008 година предводена од Фарук Мемиќ и Кире Митревски на 30 и 31 март ќе учествуваат на силниот предквалификационен турнир во Пореч, Хрватска за борба во Ф4 од Лигата на шампиони за млади.
Во групата покрај екипата на Еурофарм Пелистер се и екипите на Загреб, Алборг и Фуксе Берлин.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








