Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машката ракометна Супер лига.
Тимот цели да се врати на тронот во Македонија, а во тоа добива нов партнер – регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанија Mozzart е нов спонзор на црвено-црните.
Логото на компанија Mozzart од оваа година ќе ја краси опремата која тежи две европски титули, освоени во 2017 и 2019 година.
Вардар важи за најголем ракометен бренд од Македонија во европски рамки, па со големо задоволство компанија Mozzart која важи за општествено одговорна се приклучи меѓу спонзорите кои ќе му дадат поддршка на 15-кратниот шампион на нашата земја и 17-кратниот освојувач на Купот на Македонија.
Договорот за спонзорство меѓу компанијата Mozzart и Вардар стапува на сила веднаш, а ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.



(фото – Рк Вардар 1961)📷








