На огромно задоволство на Атлетик, еден од најдобрите македонски ракометари на сите времиња во македонскиот ракомет – Аце Станковски ќе биде специјален гостин на пријателскиот турнир “Атлетик и пријателите”.
Аце Станковски е роден на 29 февруари 1964 година во Скопје. Како играч, кариерата ја гради во клубовите Југ, Вардар Про, Пелистер, Морнар, Металург и Јафа Ресен.
Аце е поранешен репрезентативец на СФРЈ а потоа и во македонската сениорска репрезентација.
По завршувањето на играчката кариера започнува да работи како тренер во Јафа Промет, Вардар, Металург, Вардар Про, ЖРК Вардар, Скопје, Вардар Неготино, Борац Урошевац (Косово), Куманово како и на младинската и сениорската репрезентација на Македонија.
“Како наш многу драг пријател на ЖРК Атлетик, Аце Станковски на нашиот турнир ќе има улога во изборот на НАЈДОБАР ИГРАЧ на натпреварите”, – објавија од ЖРК Атлетик.

(фото – ЖРК Атлетик)📷








