Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово на свечен настан ги прогласи најдобрите спортисти, спортски работници, училишта и клубови за тековната 2025 година.
Помеѓу прогласените најдобри спортисти,спортски работници и спортски колективи се најдоа и имињата на членовите на Куманово кои заслужено ги добија признанијата најдобри во своите категории.
Членовите Христијан Вујичевски и Григор Трајковски беа прогласени за најдобри во категоријата млади спортисти.
Во категоријата најдобри спортисти сениори е прогласен Давид Димевски со што беше комплетирана листата на членовите од МРК Куманово кои заслужено со своите настапи и резултати ги добија овие признанија.

(фото – МРК Куманово)📷








