Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната

Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона што ќе продолжи во текот на следниот месец.

За нов тренер беше именуван доскорешниот ракометар во тимот, Доне Мајнов, кој ќе го води тимот во наредниот период најпрвин во преостанатите рунди од Супер лигата, а потоа и во плеј-аут натпреварувањето.

Во меѓувреме, во текот на паузата редовите на Тинекс Пролет ги напуштија Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко Трајковски.

“Тинекс Пролет нема да ангажира нови ракометари зимава, откако како клуб одлучивме дека е вистински момент да им се даде шанса на дел од помладите играчи, да почнаат да блескаат и на сениорската сцена. Горди сме на младинската и кадетската екипа што бележат добри резултати во своите категории, а како клуб кој отсекогаш бил препознатлив по тоа што давал шанса на млади и перспективни македонски ракометари, тренд што повторно ќе го потврдиме и со новата генерација таленти од РК Тинекс Пролет”, – објавија од Рк Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *