Селекторот на женската пионерска репрезентација Славиша Димитријески го објави поширокиот список за подготовки на престојните Медитерански игри во Приштина (Косово).
На списокот повикани се 26 ракометарки. Собирот ќе се одржи на 04.02.2026 година (среда) во 08:30 часот во С.Ц. “Јане Сандански” (мала сала).
Македонија е дел од групата Б заедно со репрезентациите на Хрватска, Словачка, Грција, Италија и Словенија.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2026/02/02.02.2025-spisok-u16-pionerki.pdf
(фото – РФМ)📷








