Променет терминот за Вардар и Бенфика во Лигата на Европа

Променет е терминот за одигрување на натпреварот меѓу Бенфика и Вардар во првото коло од главната фаза во Лигата Европа во Лисабон закажан за 17 февруари 2026.

Наместо во првично закажаниот термин од 20:45 часот по средноевропско време, мечот ќе се игра на 17 февруари 2026 година, со почеток од 18:45 часот по средноевропско време, односно 17:45 часот по локално време во Лисабон.

Причината за промената е поклопување на терминот со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, во кој настапува Бенфика, па поради тоа беше направена корекција на почетокот на ракометниот дуел.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *