Еурофарм Пелистер лесно се справи со составот на Радовиш

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа лесна и убедлива победа против екипата на Радовиш со конечни 42-17 во Супер лигата.

Тимот на Еурофарм Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 16-11.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со девет гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Славе Јанковски со четири гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *