Атлетик сигурен против Овче Поле Славјански Универзитет

Екипата на Атлетик забележа победа на гостувањето кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со резултат 28-18 во Женската Прва лига.

Составот на Атлетик во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот, па на крај очекувано да го совлада Овче Поле Славјански Универзитет.

Најефикасни во редовите на Атлетик беа Моника Босилковска и Анастасија Дамјановска со по седум гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска со шест гола.

(фото – ЖРК Атлетик)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *