Џанфранко Прибетиќ: Не смееме да се опуштиме против Дукла Прага

Екипата на Охрид ја очекува реванш натпревар од Европскиот Куп против тимот на Дукла Прага во Чешка.

Ракометарот на Охрид, Џанфранко Прибетиќ изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Дукла Прага.

“По победата над Дукла Прага овој викенд не очекува реваншот. Некои работи беа добри, некои помалку добри и оваа недела се трудиме да ги исправиме нашите грешки и сигурен сум дека ќе излеземе подготвени во сабота. Патуваме со добра предност но не смееме во ниту еден момент да се опуштиме бидејќи Дукла е добра екипа која тоа ќе го казни. Верувам во момците дека ќе го покажеме вистинското лице и среќни ќе се вратиме во Охрид”, – изјави ракометарот на Охрид, Џанфракно Прибетиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *