Македонската машка кадетска репрезентација по извршената ждрепка за претстојното Европско првенство во Србија ќе настапи во групата А.
Противници на кадетите на Македонија ќе бидат селекциите на Франција, Шведска и Словенија. Европското првенство ќе се одржи од 29 јули до 9 август во Белград (Србија).
(фото – РФМ)📷








