Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 1. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Вардар, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески.
Натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Вардар ќе се одигра на 28 февруари во сабота со почеток од 18:30 часот.
(фото – Архива)📷








