Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа на гостувањето кај екипата на Пелистер со конечни 32-10 во Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 15-5.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со шест гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Тодоровска со четири гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








