Екипата на Деспина, која има високи амбиции за пролетниот дел од сезоната во Женската Прва лига доби големо засилување во своите редови.
Станува збор за ракометарката Ангела Велески, која ќе го носи дресот на Деспина во пролетниот дел од сезоната.
Ракометарката Ангела Велески настапува на бековските позиции и таа после некое време пауза одново се врати на ракометните терени.
Ангела Велески дебитираше за Деспина на натпреварот против тимот на Атлетик во Женската Прва лига.

(фото – Инстаграм/Ангела Велески)📷








