Вардар утре од 20:45 часот го игра третиот меч од главната фаза во Лига Европа, а во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа Бенфика од Португалија.
На денешната прес конференција свое видување за мечот даде Урош Митровиќ десниот бек.
“Ако не успеавме да се покажеме во Лисабон, сега ќе го дадеме максимумот. Ќе оставиме се на теренот – еден за друг и за навивачите. Oстанавме должни. Се надевам дека ќе го наполниме Јане Сандански и заедно ќе дојдеме до победа и пласман понатаму”, – изјави ракометарот на Вардар, Урош Митровиќ.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








