Екипата на Кичево во продолжението од сезоната во Првата лига ќе биде засилена со тројца нови ракометари.
Станува збор за ракометарите Јован Божиновски, Марко Мулиќ и Благој Христовски кои ќе го носат дресот на Кичево.
Јован Божиновски настапува на позицијата лево крило, Марко Мулиќ настапува на позицијата лев бек, додека Благој Христовски настапува на позициите лев и среден бек.

(фото – Рк Кичево 2020)📷








