Вардар триумфираше против Еурофарм Пелистер 2 и обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Купот

Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 27-22 во Купот на Македонија и се пласираше на Ф4 турнирот.

Иако тимот на Еурофарм Пелистер 2 парираше во текот на целиот натпревар, сепак тимот на Вардар не дозволи изненадување и обезбеди пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Урош Митровиќ со шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Александар Славков со девет гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *